Во месец февруари младата пејачка со кумановско потекло, Ивона Јовановиќ или попозната како Ивона Јо легна под нож во приватна болница во Турција каде реши да направи липосукција на стомак и отстранување на подбрадокот.
По три месеци, најтешкото помина, а пред имаше период на опоравување од кој за среќа и задоволство на сите, Ивона беше на вистинскиот пат за во огледало да го види она за што тргна храбро и одлучно.
Откако се стави себеси пред еден ваков голем предизвик, покажа дека и резултатите кај стомакот веќе се гледаат во огледало. Особено сега кога реши да облече тесна тоалета по повод крштевката каде стана српска кума на сега веќе своето кумашинче Николија.
-Рамен стомак. Таква желба имав да се погледнам во огледало и да го здогледам тоа парче убавина. Замисливав. Визуелизирав. Сакав. Но со вишокот кожа после ослабнување и опуштање на кожата и тоа природно не беше возможно. Сега, гледам рамен стомак. Го опсипувам со толкава љубов. Внимавајте што посакувате. Бог има план за секој од нас. – напиша Ивона во постоперативниот период
-Јасно е како ден дека се’ оди на добро, а Ивона допрва ќе биде среќна и со сатисфакција до плафон, особено затоа што после избесен период, барем како што најави претходно и следуваат уште хирушки корективни зафати од кои таа ќе си ја доисполни својата желба.
Освен ако нештата околу желбите не се промениле после ваквиот и повеќе од одличен резултат.
фото: Instagram printscreen/ivonajo