Радио Милева поткаст г-(ѓ)ица...

Ивана Наскова во новиот поткаст ги третираше машко – женските односи, а доби само женски навреди: „Искрено“ кажано или „пет пари не вреди“, ама споделеното искрено ја повреди (ФОТО)

Ивана Наскова во новиот поткаст ги третираше машко – женските односи, а доби само женски навреди: „Искрено“ кажано или „пет пари не вреди“, ама споделеното искрено ја повреди (ФОТО)

Ивана Наскова на македонската јавност досега и беше позната како радио и ТВ водителка, стендап забавувач и писателка, а отсега и по новиот проект. Овој пат заедно со „Кеш фолкерката“ како ко-водителка, Ивана и Адријана “без влакна на јазикот“ „Искрено“ ги анализираат машко-женските односи во своите женски дијалог муабети, разменувајќи туѓи, а Бога ми и лични искуства на оваа тема.

За љубов, секс, размена на нежности, емоции, страсти и флуиди, за јајцеклетки и сперматозоиди, за непристојни предлози и пристојни понуди…  И за уште илјадници нешта и ситуации кои ги оптоваруваат или воодушевуваат мажите и жените, момите и ергените, мажените и женетите… сите!

Арно ама, колку и да сакале, колку и да се труделе да бидат и забавни и информативни и едукативни, секогаш има некој на кој „не му фаќаш око“, па те третира како нему лично „да си му брцнал“ во истото тоа око, иако ниту ти го познаваш, ниту тој те знае.

Едноставно такво ни е поднебјето, па со туѓото мислење може дури и да се согласуваш, ама па затоа ти пречи туѓиот изглед!  А такви секогаш има, само што овој пат тој не е ТОЈ, туку е ТАА! Или ТИЕ.. Жени… На кои не и им се допаднало како изгледа една од водителките на новиот поткаст, поточно Ивана Наскова, па на социјалната мрежа  Х (бивш Твитер), „сочно“  ја извреѓаа… дека била дебела!?

Така што Ивана Наскова во новиот поткаст ги третираше машко – женските односи, а доби само грст женски навреди… „Искрено“ кажано или „пет пари не вреди“, ама споделеното очигледно искрено ја повреди!

Па затоа водителката реши „хејтер(к)ите“  за сметка на нејзиниот изглед и килажа, да ги направи „познати и славни“ со јавна бламажа. Патем, нивното кажано го дополни и со свое мислење, колку за… „утешение грешним“! Дали и таа како искусна женска „медиумска ѕверка“ им возврати во споделеното со иста мерка на „раздрдорените господа и дами“ – проценете сами?!

 

Фото: Инстаграм/ivananaskova

To top