Главниот вокал на Либеро Бенд, пејачот Иван Јованов и неговата сакана Ивана викендов покажаа дека традицијата може да се почитува и на поинаков начин, надвор од оние со векови веќе воспоставени македонски стереотипни правила!

Имено, во Македонија најчесто владее непишаното правило дека „мора прво свадба, па дури потоа деца“. До душа со години, па и децении наназад најпрвин беше урнат „срамот“ невестата во венчаница да се појави „трудна до заби“, а потоа срамежливо почна да се случува и она што популарниот пејач Иван Јованов сега го докажа дека во 21-виот век современите парови самите си ги пишуваат правилата!

Кршејќи ги стегите на закоравените сфаќања, фронтменот на „Либеро Бенд“ викендов со својата сакана сопруга Ивана направија свадбена забава и тоа две години подоцна, откако двојката ужива во родителството со нивната ќеркичка Ниа.

До душа пејачот уште на самиот почеток на нивната врска во која се остварија како родители, по раѓањето на малечката принцеза отворено говореше за ваквата нивна одлука: „Потајно посакував да добијам ќерка, а свадба ќе правиме по раѓањето на бебето“ – изјави тогаш пејачот.
Така што, ако во нивното семејно гнездо прво слета штркот, сега, две години подоцна дојде ред и за прослава за влегување во брачната заедница!
Ако малата убавица Ниа тогаш беше нивниот Божји дар, тааа сега беше најважниот и најсладок гостин на гламурозната свадбена веселба која пејачот и неговата сакана ја направија под ѕвездите, под отворено небо!
View this post on Instagram
Прославата која се одвивала покрај отворениот базен наликувала на вистински естраден спектакл, а естрадниот ТВ магазин Бекстејџ пренесуваше со стриминг во живо на својот ка нал на социјалните мрежи.
Младенците пристигнале на танцовиот подиум со звуците на саксофонот на Горан Папаз, а првиот танц го одиграле на емотивната балада, која е главна музичка тема во некогаш ултрапопуларната ТВ серијата „Семејно богатство“ (Породично благо).
Кога сме кај благото, свадба без свадбена торта не бидува, па токму една таква огромна бела им беше сервирана на младите, кои самите ја декорираа посипувајќи ја со свежо зрнесто овошје.
Свадбената веселба повеќе наликувала на естрадна журка, а за музичката атмосфера била задолжена групата Маестро заедно со Горан Папаз, кои се погрижиле гостите да уживаат во богата музичка програма исполнета со хитови, ора и добро расположение. Присутните до доцна во ноќта ги забавувале и познати лица од македонскатаестрада, меѓу кои пејачката Андријана Петрушовска.
Ниту младоженецот не останал должен да не запее, па и самиот Иван во еден момент се качил на сцената да ги забавува гостите.
Фото и видео: Инстаграм/jovanov_ivan





