Радио Милева мокра и насмеана

Ирина Дишовска со ретка фотографија од детството ги воодушеви следбениците, а сопругот Павле сподели снимка од неа во бикини на море

Ирина Дишовска со ретка фотографија од детството ги воодушеви следбениците, а сопругот Павле сподели снимка од неа во бикини на море

Планинарката Ирина Дишовска, сопругата на пејачот Павле Камилоски, се приклучи на една од оние забавни игри на Инстаграм и ги воодушеви следбениците со ретка фотографија од детството.

Ирина, позната по својата страст кон планинарењето, особено и сега кога е мајка на две мали дечиња, најде време за малку релаксација и носталгија.

Таа ископа стара фотографија од архивата, каде позира со остар поглед и кратка косичка, и ги предизвика фановите: “Колку сум слатко и опасно од 1 до 10?” напиша во описот.

Фотографијата веднаш го задржа вниманието на сите, а Ирина се потсети на некое минато што ја прави уште поатрактивна денес.

Но, изненадувањето дојде од нејзиниот сопруг Павле, кој не застана и сподели друга спомен фотографија каде Ирина е мокра, насмеана и во црвено бикини. Оваа двојна доза „носталгија“ ја претвори објавата уште по привлечна.

Ирина Дишо со тоа докажува дека и покрај планинските врвови и мајчинските обврски, секогаш има простор и за малку забава.

Foto: printscreen/instgaram

To top