Актерката, музичарка и инфлуенсерка Нивес Целзиус повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи по објавувањето на новиот сет провокативни фотографии снимени во Пореч.
Покрај фотографиите таа кратко напиша „Така бестијално“, што беше сосема доволно за многу кус период да предизвика илјадници реакции и коментари меѓу нејзините следбеници.

Нивес е добро позната по тоа што често споделува атрактивни кадри од своите патувања и летувања, а нејзините објави редовно стануваат вирални и будат голем интерес на Инстаграм.

Објавата набрзо беше преплавена со комплименти и емотикони, а голем дел од фановите ѝ порачаа дека уште еднаш покажала зошто важи за една од најследените јавни личности во регионот.

Таа веќе со години успешно ја комбинира својата музичка кариера, телевизиските ангажмани и активностите на социјалните мрежи каде што ја следи огромен број луѓе, поради што речиси секоја нејзина нова фотографија или статус предизвикува вистински бум во јавноста.
фото:instagram printscreen/nivescelsius





