Модната дизајнерка Мелина Галиќ се омажи за милионер 23 години постар од неа, а огромната разлика во години не ѝ пречеше ниту во бракот со пејачот Харис Џиновиќ.
Поранешната сопруга на Харис Џиновиќ се омажи за англискиот милионер Џефри Пол Арнолд минатиот викенд.
Мелина помина 22 години со Харис, а претходно зборуваше за разликата во годините меѓу нив, нагласувајќи дека тоа никогаш не ѝ претставувало проблем. Како што претходно изјави, всушност имала корист од разликата во животот, нагласувајќи дека „возраста е само бројка на хартија“.
– Имав огромна корист од таа разлика на годините во животот. Возраста е работа на хартија. Го запознав Харис кога тој веќе беше длабоко во својата кариера и не морав да го поминувам патот до успехот со него, повеќе и помалку успешните обиди, разочарувањата и несигурностите низ кои обично поминувате со некој на ваша возраст – рече Мелина претходно.

Патем, Мелина и британскиот милионер Џефри Пол Арнолд Деј се венчаа во Монако, а луксузната прослава се одржа во Портофино.
Мелина го славеше бракот со својот нов сопруг три дена, а нејзиниот поранешен сопруг, легендарниот пејач Харис Џиновиќ, не е заинтересиран за животот на неговата поранешна партнерка.
Foto: print screen/Instagram/hamelofficial





