Истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили (58) почина пред недела ипол ( 11.Март), а македонската јавност со тага и неверување ја дочека тажната вест која пристигна од Еквадор.
„Имаше инфаркт, навечер во сон, кажа тогаш за „Викимедиа“сопругата Гордана, која сподели и дека нејзиниот сопруг ќе почива во Мангларалто, покрај океанот.

Во јавното збогување со зборови беше куса, и тогаш само напиша:
„Ни отиде. Те сакаме“ – означувајќи ги ќерките Јоана и Нина.
Сега кога шокот од загубата се уште стои, а болката навлегла уште подлабоко, Гордана почувствува потреба да се дополни за својата душевна празнина откако го нема нејзинот Кили, сопруг, татко и дедо.
-Ништо веќе не е исто, се’ е сменето за Јоана и мене тука на Еквадор, куќата е празна, мрачно… само е дрвото останато исто, големо, зелено, напиша таа, а во прилог стои фотографија од Кили заедно со внукот.

За потсетување, откако во 2014 година заминаа во Еквадор, Гордана и Јоана се немаат вратено во Македонија, додека Кили неколкупати доаѓаше и пак заминуваше во Еквадор.
фото:Facebook/ Kiril Pop- Hristov




