Анастасија Ражнатовиќ, пејачката и ќерка на славната Цеца, која неодамна стана мајка по првпат, ги изненади и ги разнежи своите следбеници на социјалните мрежи со споделување на интимни фотографии.
Таа и нејзиниот сопруг, познатиот фудбалер Немања Гудељ, му посакаа добредојде на нивниот син Илијан, кој се роди во приватна болница во Севиља, Шпанија.
Иако за време на самата бременост младата двојка реши да ја зачува приватноста, Анастасија сега реши да го отвори семејниот албум и да ги покаже досега невидените моменти од родилното одделение.

Објавените кадри содржат емотивни моменти од следењето на отчукувањата на срцето на бебето, па сè до самите контракции каде пејачката седи на јога топка чекајќи го породувањето.

Најголемо внимание и воодушевување кај публиката предизвика нејзиниот сопруг Немања, кој цело време бил до неа во болничката соба. За да ѝ помогне да се опушти и полесно да ги преброди болките, фудбалерот на својата сопруга ѝ пуштал специјално подготвена духовна музичка плејлиста.

Серијата фотографии завршува со прекрасен кадар од нивното прво заедничко селфи пред породилната сала заедно со бебето.

Тука е и емотивна снимка на која гордиот татко го носи малиот Илијан во раце кон автомобилот, подготвени за нивното прво патување кон заедничкиот дом.

Породувањето поминало во најдобар ред, а целото семејство Гудељ било присутно во болницата за да и пружи огромна љубов и поддршка на младата мајка во најважниот ден од нејзиниот живот.
фото:instagram printscreen/raznatovicanastasija





