Лице в лице

Марија Луиса Тодоровска „отвори душа“ во „Ништо лично“: „Имам фетиш на грди мажи“ (ВИДЕО)

Марија Луиса Тодоровска „отвори душа“ во „Ништо лично“: „Имам фетиш на грди мажи“ (ВИДЕО)

За неа велат дека е феномен. Пејачка која без ниту една своја  авторска песна стана „кафеанска кралица на бакшишот“. Заради интерпретацијата, атмосферата која умее да ја создаде на настапите, умешноста да им ја погоди песната и направи ќеифот, заводливиот изглед, провокативниот имиџ… Или сето тоа заедно – неважно! Важно дека имало вечери по кои во раните уреински часови си одела со полни кеси бакшиш дома.

Родена битолчанка со скопска адреса на привремен престој, која заради природата на работата ретко можете да ја сретнете преку ден во македонската престолнина. Денот обично го преспива, зашто ноќта е нејзиното царство во кое ужива низ работата.

Ултра секасапилна на изглед, провокативна како појава, а чешите хуморна како личност, социјалните мрежи особено својит Инстаграм и ТикТок ги користи не за инфлуенсерство туку многу повеќе за забава. И сопствена и на своите следбеници кои не се баш мала бројка. Неретко со шеги и зафрканции на сопствеан сметка, што е доблест плус за една јавна личност. Особено мета и се најблиските, како некоја од најдобрите другарки, па дур и мајка и… Но, шегата е шега, во која нема лутиш, зашто во неа нема навреда, туку само забава за смеа до солзи.

Пошироката јавност сепак за неа  дозна по „домашното  или хотелското видео“ кое пред неколку години кружеше, иако нејзината пејачка кариера не започнува од вчера, па многумина сметаат дека таа навидум непријатна случка за неа ја лансираше.

Го доби прекарот „македонска Северина“, ама затоа потоа, како и хрватската поп дива, стана нашироко позната. Особено откако се пресели во македонската престолнина, каде тезгите многукратно и се зголемија. И по број и по висината на хонорарот.

Минатата година  беше особено нејзина по многу нешта… И по рапидниот раст на популарноста и заработката, но и по првите две авторски песни зачинети со провокативни видеоспотови: „Печат во срцето“ и „Порок“ со кои атрактивната битолчанка ја изгуби „естрадната невиност“ кога авторското творештво во прашање.

Кој беше воодушевен од нејзините првенчиња, а кој од блиските ја разочара, за односот и релациите со колегите на естрадата и останатите јавни фаци, за приватниот живот и љубовта, во која никако да се задржи на подолги стази во врската со некој фраер, па самата си го даде прекарот „бидермаер“, за љубовта кон обичните, но и необичните домашни миленици, за непристојните предлози, за тетоважите, пирсовите, еротските фотосесии, туѓите и сопствените фетиши и опсесии… и уште за сто и една работа пејачката Марија Луиса Тодоровска прифати несебично отворено да зборува во интер ток шоуто „Ништо лично“, на гости кај Антонио Димитриевски

Премиерно, секоја СРЕДА, во 20 часот   на  YouTube каналот на КурирМК (

Од истата категорија

To top