Радио Милева ретка видео глетка

Еве како Милица Павловиќ и Елена Ристеска се подготвуваа за заеднички настап кога салата беше празна (видео)

Еве како Милица Павловиќ и Елена Ристеска се подготвуваа за заеднички настап кога салата беше празна (видео)

Милица Павловиќ за Св. Трифун и Св. Валентин приреди концерт за паметење во Скопје во рамките на нејзината турнеја насловена „Лав“. Вистински спектакл во секој поглед кој се’ уште се прераскажува. Класа и повеќе  над последниот од ваков тип на Јелена Карлеуша која пред неа имаше слично шоу во С.Ц. Јане Сандански.

Врвно ниво на совршенство и тоа во сите сегменти… Пеењето, кореографииите,  костимографијата, видеоанимациите, светлото, звукот, динамиката и распоредот на песните,  изборот на гости, фитбекот од публиката… Едноставно се’ беше близу до нивото на концертите на светските ѕвезди.

Таа ни беше гостинка во Скопје, ама на својот концерт имаше и гостинка на сцена, и тоа нашата Елена Ристеска која заедно со Милица ја изведоа нејзината евровизиска „Нина најна“.

-Какво дуо со мене на сцена… Енергија, вајб, песна, љубов и Скопје. Екипа, ви благодарам – напиша Милица како дополнување на објавената фото галерија.

Но сега, некоку дена подоцна Павловиќ објави и едно неочекувано и невидено видео од тоа што се случуваше пред концертот на проба, пред да се наполни салата.

Павловиќ ја пречека Елена, се изгушкаа, разменија лаф муабет, а потоа…

Сцената почна да „гори“ многу порано и само за пред очите на техничарите, музичарите.

Како изгледаше она што публиката не го гледа, сега имате прилика да видите во продолжение:

 

Watch on TikTok

фото:Instagram printscreen/senoritamilica/ Tik- Tok

To top