Радио Милева луксуз

Емина Јаховиќ покажа како изгледа теретаната во нејзиниот дом  – еве од каква опрема се поти (фото)

Емина Јаховиќ покажа како изгледа теретаната во нејзиниот дом  – еве од каква опрема се поти  (фото)

Пејачката Емина Јаховиќ живее во Турција во луксузно опремен имот со своите синови кои ги имаше од бракот со поранешниот сопруг Мустафа Сандал.

Емина неодамна на Инстаграм покажа дека има теретана во својот дом и предизвика многу коментари. Емина многу се грижи за својот изглед и здравје, а не пропушта тренинзи каде и да е.

Таа сподели како изгледа еден од нејзините тренинзи дома.

Емина Јаховиќ еднаш откри дека несебична поддршка во потрагата по внатрешен мир ѝ пружил нејзиниот духовен учител, шаман Дурак, со чија помош навлегувала во најскриените делови од своето битие.

– Тоа беше малку застрашувачко искуство, но исклучително инспиративно. Секој од нас има духовен водач во себе, што се покажува во форма на карактеристики на животно.

Ова, сепак, не е статично, туку променливо, во зависност од фазата во која се наоѓаме. Тоа е духовно патување каде што сретнуваш животно кое го опишува твојот карактер.

Има многу видеа на YouTube кои можат да ви помогнат во ова, додека јас го направив тоа со мојот духовен учител кој ме водеше низ ова уникатно искуство.

– изјави тогаш таа за „Ало“.

фото: printscreen/instgaram/yaemina

To top