Македонската поп-фолк пејачка и гајдаџика, прилепчанката Елена Јовческа, пред шест месеци стана мајка на здраво и живо женско бебе кое го носи името Талија.
Мајчинството е најубатата и најблагородната улога дадена од Бога, а Елена е благословена да ја живее и ужива со полни гради мајчинска љубов.

Првите месеци се полни со предизвици од разни аспекти кога одгледувањто на едно бебенце е во прашање, особено за тазе мајките без искуство, ама и таквите преплавени со обврски како мама Елена која е мултипрактик во музичката кариера и бизниот кој наизменично го води.
Сега со малку потпркнато бебенце, Елена реши да направи уште една нова фотосесија каде ќе го документира периодот од растењето на малечката наследничка.

Облечени со бело- сина комбинација, мајката и ќеркичката се едноставно неодоливи.
Елена успева да жонглира со новата мајчинска улога, а за тоа толку е среќна и сполнета се гледа од насмевката на нејзиното лице.

Веројатно, љубовта е главниот извор на енергија која и тоа може да „крене и планини“, особено кога е дадена од најмалите и најдрагите.
фото:Instagram printscreen/jovceskaelena/ studio.kaluma







