Драгана Мирковиќ е во вистинска еуфорија откако дозна дека нејзиниот син Марко и снаата Мелани очекуваат бебе. Таа откри дека оваа вест ѝ донела нова животна енергија и дека со нетрпение ја очекува улогата на баба.
Сè уште сум под импресии – ќе бидам баба! Толку сум среќна што не ми треба ни одмор. Спремна сум секој ден да настапувам“, изјави Драгана Мирковиќ, додавајќи дека не знае кој пол е бебето, бидејќи нејзините најблиски се плашат дека таа ќе го „издаде“ тоа јавно.

Покрај радоста, Драгана призна дека има и мала доза стрес – од неа се очекува за само два месеца да организира гала свадбена прослава за својот син.
Мислам дека ме преценуваат, но ќе се потрудам – затоа и постојат мајките“, рече таа со насмевка.

И покрај динамичниот распоред и бројните настапи, Драгана Мирковиќ вели дека оваа фаза од животот ѝ е најубава досега и дека нејзиното внуче ќе биде центарот на нејзиниот свет.
фото:Instagram printscreen/dragana_mirkovic/marko_vnm




