Радио Милева реакција на коментарите

Драгана Мирковиќ се огласи среде разводот: „Знам што мислат луѓето за мене!“ (видео)

Драгана Мирковиќ се огласи среде разводот: „Знам што мислат луѓето за мене!“ (видео)

Пејачката Драгана Мирковиќ е во центарот на вниманието на јавноста поради разводот со долгогодишниот сопруг Тони Бијелиќ.

Минатата недела Драгана објави дека се разведува, а сега на нејзиниот Инстаграм профил се појави видео во кое зборува за тоа како реагира на различните коментари кои и доаѓаат.

– Не сум желна за пофалби и величење. Знам што мислат луѓето за мене, знам колку ме сакаат и почитуваат, на најискрен начин, прво како човек, па дури потоа како пејачка и како ѕвезда – изјави прво Драгана.

– Знам каква армија фанови имам, кои сите мислат најдобро за мене. Верувај ми, тоа ми е повеќе од доволно. Се друго… Ако нема пофалби, не мора да има! Велиш: „Една е Драгана Мирковиќ?“, ти благодарам многу за тоа. А јас велам, една е,  што е, така е“ – изјавила потоа во објава на „story“.

Инаку, како што напиша „Блиц“, Тони има нова девојка со која живее во Германија, а таа е 15 години помлада од него.

фото: printskrin/instagram/x

 

To top