Радио Милева голема поддршка

Драгана Мирковиќ не ја запоставува кариерата: Нејзиниот син и помага во сѐ, а сега покажа и како (фото)

Драгана Мирковиќ не ја запоставува кариерата: Нејзиниот син и помага во сѐ, а сега покажа и како (фото)

Пејачката Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ се разведуваат по 24 години брак, па нивните деца, синот Марко и ќерката Мануела се најдоа во фокусот на јавноста.

За разлика од неговата сестра Мануела, која е многу повлечена и го држи затворен профилот на Инстаграм, Марко на оваа социјална мрежа има повеќе од 24.000 следбеници и со нив споделува детали од приватниот живот.

Марко е страстен љубител на автомобили и „Формула 1“, па не е ни чудо што на неговиот профил често може да се видат слики од четири тркала. Но, Марко Бијелиќ сега објави фотографија од својот кабинет на која се гледа како тој работи на закажување на настапите на Драгана, со оглед на тоа што, како што објавија медиумите, тој ја води нејзината кариера после разводот.

 

Драгана веднаш возврати и го пофали наследникот со зборовите:

– Мојата гордост, мојата десна рака – напиша пејачката.

Синот веднаш и одговори на мајката со емотикони, а под нивната преписка продолжија да се појавуваат коментари: „Убав на мама, нејзината гордост, љубов и најголема поддршка во животот… чувај се за мајка си“, „Како актер, згоден и убав… како мајка ти“…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARKO (@markobjlc)

Драгана Мирковиќ секогаш со задоволство зборуваше за своите деца во јавноста:

– Моите деца се најнормалните деца на светот, имаа нормално детство и беа одлични ученици. Марко студира економско право, а Мануела завршува средно и работела на рецепција во „Риц“ – изјави тогаш Драгана за медиумите.

фото: printskrin/instagram

To top