Радио Милева скап накит

Досега невидена фотографија од вереничкиот прстен на Јелисавета Орашанин: Се шпекулираше дека вреди дури 45.000 евра (фото)

Досега невидена фотографија од вереничкиот прстен на Јелисавета Орашанин: Се шпекулираше дека вреди дури 45.000 евра (фото)

Од свршувачката на Јелисавета Орашанин и Милош Теодосиќ, јавноста шпекулираше за прстенот и едвај чекаше да види кој „камен“ го одбрал кошаркарот и ја замоли актерката да се омажи за него.

Но, тоа парче накит никогаш не го покажа и тоа остана „вечната интрига“.

Се шпекулираше дека за тоа платил од 10.000 до 45.000 евра, дека се работи за дијамант од два и пол карати, но никој ништо не можел да тврди, бидејќи парот се што е нивна приватност држи подалеку од љубопитните очи.

Меѓутоа, со текот на времето, актерката си дозволи малку да се опушти.

Многу почесто отколку на почетокот, Јелисавета ги радува бројните пријатели и фанови на социјалните мрежи со заедничка фотографија со својот сопруг, со кој и основаше семејство. Тогаш беше забележан и прстенот за кој многу се зборуваше.

Да потсетиме, Јелисавета и Милош моментално се во центарот на вниманието поради приказните дека решиле да се разведат по седум години брак. Додека се уште молчат на целата тема, во јавноста се шпекулира дека раскинувањето го иницирал спортистот поради гласините дека неговата сопруга била неверна.

фото: printskrin/instgaram/jagodenamagli

To top