Радио Милева од искуство

Димитар Атанасовски влезе во расправија пред камери кога се спомна страста во бракот: „Па не брат, друго е…“

Димитар Атанасовски влезе во расправија пред камери кога се спомна страста во бракот: „Па не брат, друго е…“

Водителот и маркетинг директор Димитар Атанасовски и Ненад Пантовиќ, еден од основачите на позната македонска машка модна лизија, беа гости во емисијата „Старс тв шоу“ кај водителката Ивана Јанковска.

Во водеа разно- разни теми пред камери, но препирката односно спротивставените мислења дојдоа откако водителката ја отпочна темата брак.

Конкретното прашање, дали бракот ја убива страста наиде на разлилчни мислења кај гостите, иако и двајцата во брачен статус, реализирани сопрузи и татковци.

Тригерот за да излезат од истата брачна фреквенција, онаа пред камери,, барем по однос на прашањето за страста, ги подели Диме и Ненад во ставовите, па од резимето, пламенот кој кај едни очигледно гори јако, а кај другиот огнот поинаку пукоти, односно си има поинаков брачен сјај.

Димитар цврсто стои на она дека токму бракот повеќе ги поврзува партнерите, додека Ненад смета дека токму товарот од се’ она што носи бракот, никогаш не може да донесе иста страст како онаа кога партнерите се момче и девојка, па велат:

За потсетување, Димитар и сопругата Сара Мејс своевремето имаа едно брачно премрежје кое успешно го надминаа како предизвик од кој веројатно извекоа поука, па очигледно и дополнително ги разгореа страстите.


Ненад пак, со манекенката Ана Станојковска е во брак шест години и имаат две деца, а за останатото а пропо горенаведеното, најдобро тие си знаат како стојат нештата.

фото:Instagram printscreen/nenad_signori/ stars_tvshow

To top