Популарниот рапер Драгомир Деспиќ Десингерица не го крие разочарувањето од колегите од жирито, бидејќи не му честитале за победата на неговиот кандидат во „Пинкови ѕвезди“.
Десингерица моментално престојува во Црна Гора каде што настапува секој ден, а оттаму се вклучи во живо во емисијата „Премиера-викенд специјал“ и откри како се чувствува.
– Многу сум уморен, искрено се работи навистина многу, но добро, мора така. Имам добра екипа овде – започна Десингерица, а потоа се осврна на своите настапи на приморјето кои успешно ги реализира веќе половина деценија.
– Мислам дека оваа година ќе биде бомба сезона, кај мене е секогаш така, а летната сезона ја работам овде веќе петта година по ред и супер ми е. Морам да кажам дека уживам овде – рече тој.

Десингерица смета дека неговата публика всушност има и финансиска корист од неговото необично однесување на сцената, особено кога станува збор за последната во низата негови иновации на настапите каде што – ги шиша момците од публиката.
– Луѓето постојано коментираат, но ете јас ги шишам луѓето, правам од нив момци, и искрено тие заштедуваат поради мене, шишањето денес е скапо. Секој од нас ги добива своите пет минути и секој треба да ги искористи, јас на настапот му се посветувам максимално – истакна тој.
Како ментор во натпреварувањето „Пинкови ѕвезди“, Десингерица ја прослави победата на својот кандидат Стефан Цекиќ. Меѓутоа, раперот не крие дека однесувањето на колегите од жирито многу го разочарало, бидејќи освен Вики Миљковиќ никој друг не му честитал.

– Тој ми беше фаворит и победник од самиот старт, па Ѓоле даде глас, и тие беа фаворити, па се обидоа да го поразат Стефан, но не успеаја – прокоментира тој и додаде:
– Никој не ми честиташе освен Вики, таа се радуваше како да победи нејзиниот натпреварувач. Не бев лут на нив, само разочаран, но добро тоа е нивна работа, гласовите кажаа сè. На младиот пејач Стефан Цекиќ му подарил песна, бидејќи како што вели, верува дека токму таа ќе му помогне што побрзо да се пробие на музичката сцена.
фото:Instagram printscreen/You tube printscreen/Pinkove zvezde/dragomirdespic_design






