Радио Милева манекенски пропорции

Деми Мур е најзгодната баба во бикини што ќе ја видите летово (фото)

Деми Мур е најзгодната баба во бикини што ќе ја видите летово (фото)

Деми Мур (61) била на забавата за 33-от роденден на нејзината ќерка Скаут Вилис.

На една од фотографиите се гледа и Деми Мур во бел костим за капење. Изгледот на актерката веднаш бил пофален од страна на фановите.

„Како може некој да има баба како Деми Мур? Јас би умрела“, „Ти си убава, но отсекогаш сум ја обожавала мајка ти“, „Имам многу почит за тебе, Деми. Сите зборуваат за пластични операции, а ти овде покажуваш како навистина изгледаш“, се дел од коментарите.

Деми неодамна се најде на удар на критики поради тоа што објави фотографија на која е со деколте до папокот. „Баба се обидува да изгледа како девојче, со помош на пластична хирургија“, „Изгледаш старо“, „Овој изглед не ти одговара на годините. Треба да ја скратиш косата, да ги покриеш градите…“, беа некои од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Деми јавно ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка. „На мојот сладок ангел… Најсреќен роденден! Почестена сум што сум твоја мајка и благодарна што го споделувам ова животно патување со тебе! Најдоброто допрва доаѓа и многу сум возбудена што ја гледам магијата што те следи. Те сакам“, напиша Деми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Мур ги има Скаут, Талула и Румер во бракот со нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис.

фото:Instagram printscreen/ demimoore

To top