Радио Милева Потресна исповед

Дарко Лазиќ ги изненади сите со своето признание: Пејачот без влакна на јазикот кажа каква дрога конзумирал (фото)

Дарко Лазиќ ги изненади сите со своето признание: Пејачот без влакна на јазикот кажа каква дрога конзумирал (фото)

Дарко Лазиќ ја шокираше јавноста со своето признание дека конзумирал тешки дроги.

Неодамна Дарко Лазиќ во едно интервју отворено проговори за наркотици, а откри и која дрога ја консумирал.

На прашањето каква дрога пробал, Дарко веднаш признал.

– Пробав само кокаин – кажал  Дарко и продолжи:

– Тоа се тие  години… Кога ќе влезеш млад во целата оваа машинерија и си полни со пари, заработуваш. Сите те тапкаат по рамо, па излегуваме, па се дружиме… Човек кој заработува многу пари на млада возраст и станува популарен, славен, кој вели дека славата не му отишла на глава, тоа е таква голема лага. Ме удри во глава. Значи буквално мислиш дека цел свет е твој, ајде да одиме јас сум најважен, вратите се отворени за тебе секаде. Те тапкам по грб, се е можно. Сакаш автомобил – можеш, што сакаш. Еве ти одложено плаќање, ќе дадеш кога ќе го имаш. Го сакате овој мотор – и тоа, еве ти на одложено плаќање. И после се задолжуваш и сериозен проблем кога ќе видиш дека не е така.

Дарко во оваа прилика изјави и дека се извлекол од сите долгови, а и дека им вратил сè на преварантите од кои често позајмувал пари.

– Јас сум чист! Сега можам убаво да се движам. Никој веќе не може да каже дека му должам нешто. Им вратив се на коцкарите и на сите други – искрен е Дарко.

фото: printskrin/instagram/darkolazicofficial

To top