Радио Милева брдо пари

Дара Бубамара се присети на свадбата со бизнисменот Милан и откри колку потрошила за луксузната свадба

Дара Бубамара се присети на свадбата со бизнисменот Милан и откри колку потрошила за луксузната свадба

Пејачката Дара Бубамара е позната по тоа што не штеди пари, што го потврди и со приказната за нејзината свадба, за која потрошила дури 200 илјади евра.

Дара беше во брак со бизнисменот Милан Кесиќ, со кого го има синот, Константин. Иако се разведоа, пејачката постојано нагласуваше дека останале во одлични односи, а неодамна се потсети и на самата свадба, откривајќи колку всушност чинела.

– Се сеќавам дека платив 15.000 евра само за розите за декорација. Имав две венчаници, но обете ги добив од мојата свекрва, за жал почината. Родителите на Милан беа прекрасни – рече Дара во гостување на Hype TV, додавајќи:

– Сама го избрав осветлувањето и утврдив каков звук мора да има. Вкупно, излегоа над 200.000 евра, но не ми е жал – се сакавме, откри Дара за споменатиот медиум.

фото:Instagram printscreen/darabubamara_official

To top