Лице в лице

Д-р Александар Стојкоски: „Ѓорче беше во ‘клиничка смрт’, општината ја вративме назад во живите и сега сме добри, а тенденција е да бидеме одлични“ (ВИДЕО)

Д-р Александар Стојкоски: „Ѓорче беше во ‘клиничка смрт’, општината  ја вративме назад во живите и сега сме добри, а тенденција е да бидеме одлични“ (ВИДЕО)

По професија е лекар, доктор специјалист – радиолог. Рендгенот, компјотерскиот томограф и магнетната резонанца ќе ги стави во мирување, за да и се посвети на политиката како член на во моментов владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Од Унијата на млади сили, преку претседател на Советот на неговата општина Ѓорче Петров и пратеник во Македонското собрание, до актуелен градоначалник на Ѓорче, со нова кандидатура за уште еден четиригодишен градоначалнички мандат.

Неговата заложба е општината да стане модерна, урбана, но и хумана, со еднаков пристап до услугите и со грижа за животната средина за сите нејзини жители. Од општина која била наследена како финансиски „девастирана“ со стари долгови над 4 милиони евра,  успеал да ја стабилизира, модернизира, финансиски зацврсне, проектно изгради, културно надгради. Ѓорчепетровци знаат да ги препознаат неговото залагање и работа, затоа и имаат верба во него и му ја даваат својата доверба. Еднаш, во изминативе четири години, во кои транспарентната отчетност за сработеното најдобро говори за каков „општински татко“ се работи. Затоа и со право од нив побара и втор мандат.

Во стартот на предизборието, отидовме на утринско кафе во неговиот градоначалнички кабинет за отворено да помуабетиме за се  што е направено во изминативе 4 години. Кои капитални проекти се завршени, а кои допрва се во план да се реализираат, колку нови улици и паркинзи, спортски терени и сали, каква инфраструктура и зелени површини добија Ѓорчепетровци?  Како културно се издигнуваа, надоградуваа и забавуваа, колку им се олесни и подобри квалитетот животот во првиот мандат на градоначалникот…?

Зошто има право да побара доверба и за втор мандат од своите сожители, какви се’ програми и планови има ако ја добие довербата и во наредните 4 години, кои се капиталните, комуналните, еколошките, културните проекти кои допрва ќе бидат реализирани за Ѓорчепетровци?

Но и каков е приватно, како сопруг, татко, пријател, другар, сосед, колега…? Кои од актуелните политичари му се најдобри другари и пријатели? Дали повеќе го сака спортот или музиката, топката или хармониката, што му е пасија, хоби, забава, дали риболовот му е најголема разонода? Како ги воспитува децата, дали и тие тргнале или допрва ќе тргнат по неговиот пат, во медицината или политиката или се насочени кон нешто сосема трето?

За се’ што досега е направено и допрва ќе се прави, за сите познати и планирани нешта, за програмата и ветувањата, за плановите и остварувањата, за него лично како човек, лекар и политичар во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ , вашиот домаќин Антонио Димитриевски беше лице в лице со актуелниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за уште еден градоначалнички мандат, Д-р. Александар СтојкоскиПремиерата можете да ја гледате секоја среда, од 20.00 часот, но ако од било која причина сте ја  пропуштиле и неа како и сите претходни изданија на „Ништо лично“  можете да го погледнете 24/7, во секое доба на денот и ноќта и тоа 365 дена во годината само на YouTube каналот на КурирМК (.

To top