Македонскиот пејач, радиоспоственик и бизнисмен Дарко Гелев Брејк, по подолга музичка пауза, се враќа на естрадната сцена со нов музички проект со кој повторно ја освојува публиката. Баладата „Оваа песна не знаев да ја напишам“ Брејк ја сподели со своите обожеватели непосредно предновогодишните празници.
Музиката за песната е дело на Никола Перевски, предводникот на легендарната македонска поп група „Нокаут“, додека текстот е плод на соработката меѓу Игор Џамбазов, Никола Перевски и самиот Брејк. Оваа искрена и емоционална споровозна тема допира до срцето на слушателот, носејќи во себе порака која секој може да ја почувствува.
Видеоспотот пак, е снимен во Драмскиот театар во Скопје, под режисерската палка на Милчо Узунов и продукцијата на 3D Project Studio, како визуелизација на приказната која совршено ја доловува атмосферата во песната.
Оваа баладa зборува за лична приказна, за емоции кои не можат да се опишат со зборови, туку само со музика. Песната носи посебна порака и е посветена на сите оние моменти кога зборовите не се доволни.
Проследете го видеото во продолжение и уживајте во магијата на ова аудиовизуелно музичко дело…