Радио Милева заборави (го) ако можеш...

Братот на радиолегендата со емотивна објава ја потсети јавноста дека да беше жив, Драган Б.Костиќ денес ќе ја славеше 76-ката

Братот на радиолегендата со емотивна објава ја потсети јавноста дека да беше жив,  Драган Б.Костиќ денес ќе ја славеше 76-ката

Денес, на 10 јуни 1950 година во Скопје е роден Драган Б. Костиќ, еден од најпознатите и највлијателни радиоводители и музички новинари во македонската медиумска историја и еден од најпрепознатливите гласови во нашата земја. За жал не го дочека својот 76 роденден, откако почина на 20 декември минатата, 2025 година.

Но, другарите пријателите, соработниците, колегите и секако семејството не го заборавија неговиот 76-ти и ако така може да се нарече, „прв небесен роденден“.

Така на пример македонска пејачка дива Зорица Поп Панкова се обрати преку својот Фејсбук профил каде напиша:

„Прослави таму меѓи ѕвездите добар наш Драж, а ние тука со тага и радост што се уште те имаме во нашите срца… не требаша така, побрза, друже мој…“ – споделила легендата на македонската забавна песна.

Сепак, особено чувствителен е Фејсбук споменот на неговиот брат Томислав Костиќ. Тој со една заедничка фотографија направена на промоцијата на една од неговите книги, се потсети и себеси и сите останати, како и целата јавност дека денешниот датум е денот кога е родена македонската радио легенда. Покрај фотографијата Томи, како што Драган го нарекуваше, само кусо споделил: „Брат, среќен роденден“!

Инаку, Томислав Костиќ е роден брат на Драган, кој како што самиот ќсвоемено ќе раскаже дека Томи е веројатно последниот во печатарското семејство Костиќ, од дедо им Драгољуб, основачот на првата приватна печатница во Македонија во 1919 година,  која од „Зора“ подоцна ќе биде преименувана според името на нивниот татко во „Бранко Графотисок. Печатница на брат му Томислав која ќе ги печати музичките книжевни дела, кои ги пишуваше  Драган Б. Костиќ“.

Фото: Фејсбук/Zorica Pop Pankova/Tomislav Kostic

To top