Мегафон поткаст гостин

Антониа Гиговска во „Ништо лично“

Антониа Гиговска во „Ништо лично“

Таа е една од најуспешните и најпопуларни македонски пејачки од помладата генерација. Родена е на 21 јануари 2001 година во Скопје, а својата музичка приказна ја започнува уште како дете, покажувајќи исклучителен вокален талент и љубов кон сцената, кои ќе ги открие најпрвин нејзиниот брат, а потоа и семејството.

Уште како 11 годишно девојченце учествува во регионалните музички талент шоуа како „Некои нови клинци“, но сепак пошироката јавност ја запознава преку  музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“, каде што со својот моќен глас, харизма и сценските настапи успева да го привлече вниманието на публиката и музичките професионалци, а нејзин музички ментор била професорката Ана Костадиновска. Токму тој период претставува пресвртница во нејзината кариера и отвора врата кон професионалната музичка сцена.

Ќе биде избрана на аудиција да учествува во мјузиклот „Тајно моја“ создаден за македонската музичка икона Тоше Проески.

Во 2017 година ја објавува песната „Невреме“, која брзо станува хит и го означува почетокот на нејзиниот сериозен подем на македонската естрада, а како нејзин прв сингл се најде на ‘trending’ списокот на YouТube. Победила на Макфест 2018 со песната “Никогаш не вели никогаш”.

Истата година била избрана за придружен вокал на групата Ај Кју која ја претставувала Македонија на Евровизија 2018.

Следат бројни хитови, од кои што најголем успех постигнува со песната “Могли смо у двоје” која што беше број 1 хит во Србија на радио станиците. Песната “Ванила” дует со Панчо од ДНК, “Крива сум” која што беше номинирана за најдобар видеоспот од Македонија,

Таа исто така, ќе биде придружен вокал и на Тамара Тодевска на Евровизија во 2019-та, каде Македонија ќе го оствари најдобриот пласман досега – 7-то место, но и историска победа според гласовите на жирото.

Следуваат низа успешни песни како „Светлина во мрак“, „Слаба страна“, „Никогаш не вели никогаш“, „Магнет“, како и повеќе соработки со истакнати македонски автори и изведувачи.

Во текот на својата кариера, Антониа соработува со врвни музички имиња како Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски.

Нејзиниот прв албум „2001“, именуван според годината на нејзиното раѓање, претставува важна пресвртница во кариерата и содржи песни кои го одбележаа нејзиниот музички развој.

Во приватноста ќе ја следи контроверзната афера по бурното раскинување на врската со фронтменот на Либеро бенд, пејачот Иван Јованов и влегувањето во врска, а потоа и во брак кој трае и со раперот Роберт Спасенцовски, попознат како Џокер. Како плод на новата љубов доаѓа нивниот наследник, синчето Киан, со што таа за прв пат ќе се оствари и како млада мајка.

Во 2026 година на гламурозна и екстравагантна промоција го претстави и вториот албум „Жена“ насловен според веројатно нејзиниот најголем хит во кариерата со кој победи по втор пат на „Макфест 2024 година, а песната беше прогласена и за најслушана помеѓу два фестивала, песна со кој покажа нова зрелост и еволуција како артистка.

Денес, таа важи за една од најангажираните домашни поп-ѕвезди, со бројни настапи низ Македонија и регионот, милиони прегледи на своите песни и верна публика која расте од година во година. Со својот препознатлив вокал, искрен пристап и постојана работа на себе, таа успешно ја гради позицијата на водечка млада музички ѕвезда на македонската естрадна сцена.

За нејзиниот пат од „Пинковите ѕвездички“ до албумот „Жена“, за естрадната кариера, фестивалите, Евровизија, соработниците, изборот на песните и автобиографијата во нив, за настапите, професионалните и приватни за растежи и падови, за желбите, можностите и личните стравови, за љубовта и љубомората, за пријателството и зависта, за врската, бракот и мајчинството…

За се’ што е една млада позната и популарна „Жена“ како неа, во последното издание од  втората сезона на интер ток шоуто „Ништо лично“, на отворен муабет кај Антонио Димитриевски како поткаст гостинка доаѓа македонската естрадна поп ѕвезда, пејачката Антониа Гиговска.

Премиерата оди вечерва, СРЕДА,  10-ти јуни  со почеток во 20.00 часот,  ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (

Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa

To top