Радио Милева без камуфлажа

Анета Љумаковска „оперирана“ од комплекси: Еве како изгледа пејачката во домашно издание без шминка и фризура (фото)

Анета Љумаковска „оперирана“ од комплекси: Еве како изгледа пејачката во домашно издание без шминка и фризура (фото)

Социјалните мрежи станаа место каде особено за познатите мора се’ да биде во совршен ред и да изгледа перфектно по сопствени видувања, па дури требало и да се користат безброј филтри кои ги нуди денешната супериорна технологија.

Оттука, ретки се оние познати кои немаат проблем да објават како изгледаат во лежерно и ноншалантно издание без камуфлажа. Една од нив покажа дека е и познатата фолк пејачка Анета Љумаковска.

За неа изминатиот период се налепени бројни комплименти дека изгледа подобро од кога било, а сигурно како и на секого ова на Анета и годи, стимулира , мотивира…

Анета сме ја виделе од елегантна дама, до трансформација во младешки и тренди комбинации кои прават за изгледа свежо, поинаку и интересно за очите на јавноста, а секако примарно за себе.

Овој пат, таа објави едно сосема неочекувано издание од себе, опуштена, без фризура и шминка, релаксирана во домашно издание, без никаква камуфлажа и комплекси од тоа како би ја доживеале вака опуштена.

Народот едноставно ја сака Анета, како пее и изгледа, а со ваквите свои потези само дополнително добива на поени и симпатии кај својата бројна публика.

фото:Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701/ You Tube/ Backstage

To top