Минатата сезона од „Ѕвездите на Гранд“ скопјанката Андријана Петрушовска остана во трите најдобри од самиот крај на финалето заедно со Мики Секуловски и победничката Шејла Зониќ.
Времето брзо минува, а Андријана како по пример од сите претходни учесници, не е така активна како што тоа беше изминатите месеци.
Тогаш пред камери ја гледавме редовно од популарниот музички формат, а откако шоуто ја заврши сезоната, Петрушовска извади и еден сингл.
Дека „Гранд“ е потребен за актуелност, таа покажа и преку нејзиниот последен потег со тоа што се врати на нивната голема сцена, па наедно ги потсети гледачите за да не ја заборават.
Со научена естрадна лекција беше и моментот што се појави поразлична од кога било, овој пат со егзотична афро фризура и впечатлив масивен златен наккит.
Деновиве најави и дека подговтува нешто ново, па претпоставуваме дека истото ќе го видиме токму од онаму каде што се врати назад – „Гранд“.
фото:Instagram printscreen/andrijanapetrushovska