Радио Милева „помалку е повеќе“

Андријана Петрушовска направи една мала, а толку голема промена на себе од која ќе се запрашате дали е таа (фото)

Андријана Петрушовска направи една мала, а толку голема промена на себе од која ќе се запрашате дали е таа (фото)

Атрактивната и талентирана скопјанка Андријана Петрушовска по завршувањето на „Ѕвездите на Гранд“ е турбо активна со настапи низ земјата. Клубовите и дискотеките се почесто ја ставаат во агенда на настани, приблката сака да ја гледа и слуша во живо, а пак таа создадена за на сцената прави атмосфера за која се прераскажува.

Андријана време за одмор нема, батериите ги полни со фитбекот кој го добива од  публиката, а тоа и е сосема доволно да остане под полна пареа цело лето.

Изминатите месеци најмногу ја гледавме на телевизија од најгледаното регионално музичко “Ѕвездите на Гранд”,  шоу каде заврши како третопласирана, а сега публиката има прилика да ја гледа и слуша непосредно, и тоа сите фанови низ цела Македонија, па и оние што допрва ќе и станат обожаватели откако барем еднаш ќе и дојдат на настап.

За секој настап Андријана Петрушовска е атактивна и своја, женствена и маркантна со својата долга црна природна коса, витата става, впечатливите очи и  полни усни со кои плени и шармира, а пак кога ќе запее, е тогаш освојува во целост.

Во една од тие прилики се „скоцка“ во издание од кое направи мала, но доста впечатлива промена од која би се запрашале дали навистина е таа? Косата најчесто ја носи пуштена направи и шишки, но овој пат реши да ја измазни и затегне наназад, да се нашминка нешто поразлично од вообичаено, а ефектот беше ултра впечатлив.

Ова секако беше прилика за фотка на „стори“ за Инстаграм каде редовно е активна и објавува видеа и фотографии од нејзина македонска турнеја низ градовите.

Неодамна најави дека за неа допрва ќе се слуша, бидејќи не само настапите се она на што е посветнеа, туку и  авторските пероекти кои се подговруваат и се пеиoритет.

фото:Instagram printscreen/ andrijanapetrushovska

To top