Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо станува се’ поредовен гостин во Македонија. Претстојниот месец август најави не еден туку два концерти, па оттука потребите да патува преку граници низ рагионот има поголема потреба.
За дополнително да го искористи доаѓањето кај нас, па да поработи и на сопствениот концертен маркетинг, Грашо се најде пред камери во емисијата „7-мо небо“ кај Марјана Станојковска.
А бидејќи дамите се негови обожавателки, не случајно во друштво покрај Марјана беше гостинка една наша позната пејачка. Прилика да се запознае со него, а и да добие впечаток за пејачот по непосредната средба имаше Андријана Јаневска.
На нејзиниот Инстаграм профил таа објави фотографии од гостувањето кај Марјана на која и се заблагодари за поканата, но го кажа и својот впечаток за Грашо.
-Имав чест лично да се запознаам со еден прекрасен господин и одличен музичар. Емисијата ќе се емитува во април, ќе ве известам навреме за точниот датум. Марјана ти благодарам за поканата, прекрасно си поминав, напиша Јаневска.
За разлика од неа, иако Грашо беше означен во објавата, тој не ја сподели дружбата пред камери со македонската колешка. Можеби го чека месец април за да биде поавтентично и поударно за она што следи од него.
Тој за неа господит, но како грашо ја доживеа Андријана, останува под знак прашалник?
фото: Instagram printscreen/ andrijana_janevska