Поп- пејачката Александра Јанева наскоро ќе се оставри во најубавата улога за една жена- ќе стане мајка на женско бебе.
Таа е во последниот триместар од бременоста кога веќе отпочна со подготовките за големиот чин од пристигнувањето на наследничката која ќе го обои светот на мама и тато во најубавите бои.

Арно ама, возбудливите и емотивни денови исполнети со чувство на убаво за она што доаѓа, за Александра и сопругот Иван се променија во едно поинакво исчекување исполнето со надеж за позитивен исход.
Имено, пејачката на својот Инстаграм објави дека го изгубила мачорот Томас, па замоли за помош од следбениците за потрагата низ скопската населба Кисела Вода да резултира со среќен крај, зашто Томас не ќе може да се снајде на отворено.
-Мачорот Томас го нема од утрово, чуван е само дома и не знае да се снајде надвор. Ве молам доколку некој го забележи да ме исконтактира на 071 261682. Кисела Вода во близина на стариот трговски. Ве молам споделете за побрзо да го најдеме, напиша Алексдандра, а во дополнување стави емотикот со насолзени очи.

Се надемаваме дека наскоро ќе османе нова објава од пејачката за тоа дека мачорот повторно е таму каде што треба да биде, а идната мама без трошка сензитивност и загриженост ќе ги минува последните труднички денови во друштво на своето крзнено милениче.
фото: Instagram printscreen/aleksandrajanevaofficial





