Албанската пејачка со македонска адреса, Аделина Тахири го прослави својот 35-ти роденден, а како што доликува на нејзиниот луксузен животен стил кој го живее, таква беше и роденденската забава.
Tематски предодредена да биде во бело, сензуално и луксузно во секој погед, а во примарен фокус секако славеничката и женственоста за која таа очигледно сакаала да биде во прв план.

Гостинки и беа сите блиски и најблиски дами во нејзиниот живот и опкружување, а тие пак се погрижија славеничката да си помине на ниво какво што впрочен таа им приреди.
Задоволства од посебности, визуелни и впечатливи да бидат најдобри од најдоброто.

Бели цветови кали, свеќи, торта импровизирана од чаши за вино полни со благо… а таа облечена во бело коктел фустанче.

И секако, роденден без подароци не може да биде, а во случајот видовме еден ,ама доста вреден.

Чанта Birkin од францускиот бренд Ермес која и тоа како важи за статусен симбол кој се вклопува во се’ она што е таа.
View this post on Instagram
Ваквите модели на чанти чинат од околу 10 илјади евра, па нагоре, а во случајот Аделина и тоа како и се израдува, иако можеби и веќе има таква иста во друга нијанса.
фото:Instagram printscreen




