Радио Милева вистинско време за запознавање

Прегратка вредна милион лајкови: Гордиот Адријан Гаџа во најубавото издание со својот мал принц

Прегратка вредна милион лајкови: Гордиот Адријан Гаџа во најубавото издание со својот мал принц

Познатиот пејач и успешен скопски угостител Адријан Гаџа, за првпат комплетно го претстави својот син во јавноста.

По неколкумесечно вешто криење на приватноста, тој на социјалните мрежи сподели преубав, емотивен портрет каде позира во лежерно издание, цврсто и заштитнички држејќи го во прегратка својот наследник.

Оваа објава предизвика вистински лавина од коментари и честитки од колегите, пријателите и фанови, кои веднаш забележаа дека бебето доста потсетува на својот славен татко.

Оваа среќна семејна приказна започна да се развива на почетокот на годината, кога Адријан, прославувајќи го својот 42-ри роденден, за првпат јавно ја покажа неговата долгогодишна партнерка. На тие први фотографии, направени во неговиот познат скопски локал, дискретно се забележуваше нејзината бременост, со што музичарот официјално навести дека наскоро ќе се оствари во улогата на родител.

Неговиот приватен живот со убавата партнерка се чуваше подалеку од медиумите, а круната на нивната дискретна, но цврста љубов пристигна во мај 2026 година, кога парот ја прослави својата свршувачка и веднаш потоа го дочека своето прво дете.

Тогаш, на почетокот на мај, пресреќниот татко на социјалните мрежи објави само дискретна фотографија од малото бебешко раче со опис дека пристигнал неговиот „мал ангел“ и неговиот свет, додека блиските пријатели низ честитките открија дека се родило машко дете.

По породувањето и првите неколку недели поминати во прилагодување на новата домашна атмосфера. Овој пат, по неколку месеци поминати во тишина и семејна хармонија, пејачот реши дека е вистинско време гордо да го запознае својот наследник со публиката, докажувајќи дека родителството е дефинитивно неговиот најголем животен хит досега.

фото:Facebook/ Adrijan Gaxha

To top