Пејачката Милица Тодоровиќ уште еднаш покажа дека моментите поминати со семејството ѝ се најскапоцени, а снимката што ја сподели нејзината мајка од една прослава ги разнежни сите што ја видоа.
Всушност, Милица во еден момент се качи на стол, зеде микрофон и на својот татко му ја запеа познатата песна „За Љиљана“ од Тома Здравковиќ.

Додека пејачката ја изведуваше една од најемотивните нумери на легендарниот пејач, нејзиниот татко не ги криеше емоциите, а овој емотивен момент го привлече вниманието на сите присутни.
View this post on Instagram
„Песна за тато“, напиша мајката на Милица, Јасмина, покрај видеото.
Она што исто така ги воодушеви сите е беспрекорниот изглед на Милица само неколку месеци по породувањето, а пејачката заблеска во црн светкав фустан без ракави.
фото:Instagram printscreen/
jasmina.todorovic67







