Сандра Африка уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните пејачки на српската естрада, а секси видеото во латекс сите го споделуваат!
Многумина на социјалните мрежи коментираат дека пејачката изгледа сè помладо и подобро, а нејзиното најново видео предизвика вистинска лавина од реакции.

Сандра пред камерите позираше во тесен беж корсет од латекс кој во прв план го истакна нејзиното деколте и фигура, додека стајлингот го надополни со марама на главата, тексас шорцеви и впечатливи нараквици.
На видеото таа заводливо се витка со музиката, менува пози, намигнува во камерата и во еден момент им испраќа бакнеж на следбениците, поради што коментарите само се нижеа. Многумина забележаа дека пејачката изгледа беспрекорно и дека, и покрај годините на естрадата, делува свежо и младолико, па ја преплавија со комплименти за нејзиниот изглед и енергија.

Сандра и овој пат покажа дека одлично знае како да го привлече вниманието на публиката, а нејзината објава за кратко време собра голем број прегледи, лајкови и коментари, со бројни пораки дека „никогаш не изгледала подобро“.
фото:Instagram printscreen/sandraafrica






