Радио Милева крал на луксузот

Империја од триста милиони долари: Погледнете во сите скриени и раскошни имоти на Новак Ѓоковиќ ширум светот

Империја од триста милиони долари: Погледнете во сите скриени и раскошни имоти на Новак Ѓоковиќ ширум светот

Новак Ѓоковиќ изгради импресивна империја од недвижности ширум светот, од Белград и Монте Карло, па сè до Менхетн и Марбелја.

Неговото богатство се проценува на сума меѓу 250 и 300 милиони долари, а значаен дел од тоа прават токму луксузните инвестиции во недвижности.

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, во текот на својата блескава кариера стекна огромно богатство. Од скромните почетоци во Србија до статусот на глобална спортска икона, тој изгради вистинска империја на недвижности со куќи и станови на повеќе континенти.

Со 24 освоени Грен слем титули и повеќе од 165 милиони долари заработени само од турнирски награди, тој е еден од најплатените спортисти во историјата. Покрај тоа, годишно инкасира повеќе од 30 милиони долари од спонзорски договори со водечки светски брендови.

Благодарение на промислените вложувања во недвижности, Ѓоковиќ го прошири својот финансиски успех далеку надвор од тениските терени.

Како голем почитувач на чувениот италијански архитект Ренцо Пјано, Новак во својата колекција додаде две луксузни недвижности во зградата “565 Broome SoHo” на Менхетн, чија вкупна вредност надминува 10 милиони долари. Становите имаат рачно изработен мебел, пространи тераси и подно греење, додека зградата нуди приватен базен, спа центар, теретана и библиотека.

Во Европа, негова база со години беше Монте Карло, каде што поседува луксузен стан на самиот брег на морето, со поглед на Азурниот брег. Вредноста на овој имот се проценува на меѓу пет и шест милиони евра, а станот е целосно прилагоден за семеен живот.

Една од најраскошните недвижности на Ѓоковиќ се наоѓа во шпанската Марбелја. Вилата ја купи во 2020 година за 10 милиони евра, откако претходно за време на пандемијата ја изнајмуваше за околу 10.000 евра неделно. Оваа супер-вила располага со девет спални соби, осум бањи, внатрешен базен, приватен спа центар, кино сала, теретана и сопствен тениски терен.

Кога престојува во Србија, Ѓоковиќ има неколку луксузни опции. Во Белград поседува пентхаус од околу 250 квадратни метри во елитниот комплекс West 65, со покривна тераса од дополнителни 100 квадрати и приватен базен.

Покрај тоа, неговото семејство издвои 2,9 милиони евра за имот и куќа на Космај, која комплетно ја реновираа. Посебно внимание привлекува и огромната вила од околу 1.200 квадратни метри на брегот на Павловачкото Езеро, сместена во изолирано опкружување со приватен базен и ресторан.

На Јадранот, пак, Ѓоковиќ поседува луксузен стан во Порто Монтенегро во Тиват, чија вредност се проценува на околу 2,2 милиони евра. Иако изгради една од највредните спортски империи на недвижности, Новак Ѓоковиќ е познат и по својот голем хуманитарен ангажман. Преку Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, заедно со сопругата Јелена, тој континуирано вложува во развојот и образованието на децата во Србија.

фото:Instagram printscreen/djokernole

To top