ТВ водителката на забавно-музичкото шоу „Старс“, сексапилната неготинчанка со скопска адреса на живеење Ивана Јанковска ова лето е неуморна. Паралено и работи и летува. Атрактивнта ТВ убавица ја користи секоја можност, секоја слободна прилика кога нема снимање со нови гости во својата емисија да се опушти некаде покрај вода. Најчесто на море, како што беа нејзините последни летни „експедиции“ во Турција, на Егејот или Јадранот… каде Ивана за сите пари опуштено ужива.

При тоа згодната водителка и тоа како умее да внимава на својот изглед и имиџ кој постојано го менува во зависност од дадените прилики, што евидентно се гледа од споделените видеа и слики на социјалните мрежи.

Од различните модели и дезени костими за капење, преку облеката и бројните модни додатоци и аксесоари, Ивана зане како тоа на себе да го стокми за да изгледа „за сите пари“, како убавица од милион долари.
Последната понуда многу не се разликува, освен што овој пат изборот на Ивана Јанковска е во оваа прилика да изгледа налик на родео убавица!

Имено, „Старс“ водителката овој пат „ги спакувала“ своите облини во „кантри“ бикини со принт на кравичка, па во нив изгледа повеќе од секси… дадичка!

Кога на сето тоа ќе му се придодаде текасас шорцот или т.н. „жешки пантолончиња“, широкиот кожен колан и сламениот каубојски шешир, Ивана дефинитивно изгледа како родео убавица!

Впрочем како што неодамна јавноста можеше да се увери од прикажаното, на расната неготинчанка не и е страно ниту јавањето! Напротив и самата потврди дека навистина и е многу убаво кога онака препуштена на уживањето, потскокнува во седлото.
Овој пат коњот и ерегелата ги нема, ама затоа Ивана поинаку му изрази отворена љубов на летото, па со најновата објава потсети, дека за што подобро да ја доживеете, ќе мора да ја превртите… Нејзината фотографијата, се разбира!

Фото и видео: Инстаграм/jankovska__i





