Холивудскиот актер Бред Пит (62) и неговата девојка, Инес де Рамон (33), беа меѓу илјадниците гости на раскошната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келс. Иако сè уште нема фотографии од невестата, бидејќи таа успеа да зачува сè во тајност, сепак гостите ги споделија своите фотографии на Инстаграм.
Па така, се појавија Бред и двесет и деветгодини помладата од него Инес на интернет, што е воедно и нивна прва заедничка фотографија на Инстаграм, благодарение на фризерката Лаура Занолети, која ги објави.
„Мојот омилен љубовен пар“, напиша Лаура во описот.

Како што можете да видите од фотографиите, двајцата беа совршено стилизирани.

Бред избра елегантен црн костум, додека Инес носеше црн фустан од тантела со спуштени прерамки.

Бред Пит и Инес де Рамон ја започнаа својата љубовна приказна во 2022 година, и иако од самиот почеток се обидуваа да не откриваат никакви детали за себе, секој нивни чекор привлекуваше сè поголемо внимание.
фото:instagram printscreen/lauriezanoletti





