Радио Милева дал да плачам ил да пеам...?

Жирито не згреши, Македонката не „изгоре“: Емотивна бура и солзи радосници на лицето на Габриела Ристовска во „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Со хитот на Пепи Бафтировски ја крена сцената на нозе, а кога ја слушна одлуката на жирито – не можеше да ги запре солзите!

Жирито не згреши, Македонката не „изгоре“: Емотивна бура и солзи радосници на лицето на Габриела Ристовска во „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Драма, неизвесност и солзи пред камерите! Првиот круг од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ заврши со вистинска емотивна бура, а меѓу оние кои се изборија за продолжување на натпреварувањето е и нашата Габриела Ристовска.

Македонската кандидатка синоќа повторно застана под светлата на големата сцена, каде што во баражот се бореше за уште една шанса да го оствари својот сон. За настапот избра вистинска музичка класика – легендарната „Ако згрешам нека изгорам“ од незаборавниот Пепи Бафтировски.

Со многу емоции и душа, Габриела ја донесе македонската песна пред регионалното жири, а нејзината борба за место во следниот круг траеше до последниот момент.

Но, вистинскиот емотивен момент следуваше дури по настапот!

Кога водителите Милан Митровиќ и Воја Недељковиќ ја соопштија одлуката дека Габриела сепак продолжува во вториот круг, младата Македонка целосно се скрши пред камерите. Солзите сами потекоа, а радоста и олеснувањето по огромниот притисок на сцената беа посилни од неа.

„Емоциите се големи. Полека, земи воздух“, ѝ порача Воја, обидувајќи се да ја смири возбудената натпреварувачка, која призна дека сето она што го доживеала на сцената било премногу емотивно.

Жирито на маки, седуммина се спасија во последен момент!

Првиот круг заврши со жестока борба во баражот, а седумчленото жири составено од Цеца Ражнатовиќ, Дара Бубамара, Снежана Ѓуришиќ, Сања Вучиќ, Драган Којиќ Кеба, Александар Милиќ Мили и Ѓорѓе Давид имаше тешка задача да одлучи кои кандидати ќе добијат нова шанса.

Покрај Габриела Ристовска, билет за вториот круг обезбедија и Игор Видовиќ, Ива Аќимовиќ, Ива Дамљановиќ, Миљан Тројиќ, Стефан Новаковиќ и Анѓелија Бајиќ.

За двајца кандидати, пак, натпреварувањето заврши токму тука, па нивните амбиции за продолжување на музичката битка останаа неостварени.

 

Од следната недела започнува новата фаза на натпреварувањето, во која конкуренцијата ќе биде уште посилна, а борбата за место меѓу најдобрите сè пожестока.

Едно е сигурно – Габриела доби нова шанса, а македонската публика сега со уште поголемо внимание ќе го следи нејзиниот пат низ „Ѕвездите на Гранд“!

Фото: Јутјуб принтскрин/Zvezde Granda – Cela Emisija 08 – ZG 2026/27 – 07.11.2026

To top