Радио Милева најголема гордост

Соња Тарчуловска со моќнa мајчинска објава ја разнежни јавноста по големиот триумф на нејзината ќерка Јоана (видео)

Соња Тарчуловска со моќнa мајчинска објава ја разнежни јавноста по големиот триумф на нејзината ќерка Јоана (видео)

Познатата македонска пејачка Соња Тарчуловска сподели емотивна и моќна објава на социјалните мрежи, прославувајќи го огромниот меѓународен успех на својата најмала ќерка Јоана.

Единаесетгодишното девојче донесе злато за нашата земја, освојувајќи го првото место во категоријата „Solo Children“ во исклучително силна конкуренција на интернационален натпревар.

Јоана успеа да ги фасцинира жирито и публиката со својата грациозна и прецизна изведба на класичниот балетски танц „Есмералда“, гордо кревајќи го македонското знаме на пиедесталот.

По овој голем триумф, нејзината мајка Соња не можеше да ја сокрие огромната гордост, па јавно го сподели своето писмо посветено на својата ќерка, кое во целост го пренесуваме:

Јоана Тарчуловска, 11 години – прво место во конкуренција од 12 учесници!
До мојата ќерка, со сета љубов на едно мајчино срце.
Мила моја Јоана,
Денес светлината на сцената го осветли твојот успех, но само оние што чекореа покрај тебе знаат колку труд, болка, солзи и откажувања од детските задоволства се скриени зад таа насмевка.
Зад секој твој чекор стојат илјадници повторувања. Зад секоја грациозност – дисциплина. Зад секој аплауз – денови кога болело, кога било тешко, но ти не си се откажала.
Денес не победи само со танцот „Есмералда“. Победи со својата упорност, со своето срце и со љубовта кон класичниот балет.
Благодарност до твојата менторка, која со знаење, посветеност и верба те води по овој прекрасен, но тежок пат. Благодарност до наставниците од твоето училиште, кои имаат разбирање и поддршка за твоите соништа, и до твоите другарчиња, кои се радуваат на твоите успеси.
Денес ти си едно мало девојче од нашата Македонија, кое со големо срце покажува дека талентот нема граници, дека уметноста зборува на сите јазици и дека соништата можат да допрат до целиот свет.
Патот перед тебе е долг и тежок, но твојата љубов кон класичниот балет е уште поголема.
Не посакувам секогаш да бидеш прва. Посакувам никогаш да не ја изгубиш љубовта што те натерала да го направиш првиот балетски чекор.
Затоа што медалите ќе останат спомени, но карактерот, достоинството и љубовта кон уметноста ќе останат дел од тебе засекогаш.
Танцувај, мое мало девојче, кон големите светски сцени. Нека твоите балетски чекори го носат името на Македонија со гордост, а твоето срце никогаш да не заборави од каде започнал сонот.
Со неизмерна љубов и гордост,
Твојата мајка.

Овие зборови на Соња допреа до срцата на илјадници луѓе, покажувајќи ја тежината, но и убавината на уметноста со која се занимава нејзината наследничка.

Зад прекрасната фотографија на која Јоана позира со златниот медал и македонското знаме во рацете, стои една идна голема балерина, чиј талент допрва ќе ги освојува светските сцени.

Честитки до малата Јоана, со желби нејзините балетски чекори уште долго да ја слават Македонија низ светот!

фото:Instagram printscreen/sonjatarchulovska

To top