Пејачката Дара Бубамара веќе некое време ужива во љубовта со партнерот кој е од неа помлад 20 години, а сега со една изјава покрена лавина од коментари и шпекулации за можна бременост.
Дара гостуваше кај водителот Божо Добриша, каде што разговорот во еден момент се поведе за нејзиниот емотивен живот и за можно венчавање. Водителот најпрво ја праша пејачката дали таа и нејзиниот партнер разговараат за свадба.

– Дали сте зборувале за свадба? – праша Божо.
– Па не знам – кратко одговори Дара.
На тоа водителот низ насмевка додаде:
– Даро, можеби и ти ќе се омажиш ова лето, никогаш не се знае.
Во продолжение на разговорот Дара изговори реченица која на многумина им го привлече вниманието.
– Ми доцни ПМС – рече пејачката.Водителот веднаш реагираше и праша:
– Даро, да не си бремена, црна Даро? На ова прашање Дара само се насмеа и се обиде да ја промени темата.
– Ау, Боже, што зборувам јас – порача низ насмевка, не сакајќи понатаму да коментира.

Нејзината реакција беше доволна да поттикне бројни шпекулации на социјалните мрежи, иако пејачката нема потврдено дека е во благосостојба. Да потсетиме, Дара Бубамара неодамна направи пауза од бројните настапи и отпатува на луксузниот италијански остров Сардинија, каде што уживаше со својот партнер.
Пејачката често истакнува дека е среќна и исполнета во љубовта, но деталите од врската главно ги чува подалеку од очите на јавноста.
фото: Instagram printscreen/ darabubamara_official







