Македонската песна повторно ќе одекне меѓу вековните камени ѕидини на Античкиот театар Хераклеа. На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, еден од најавтентичните и најемотивни интерпретатори на македонската музика, Влатко Миладиноски, ќе одржи голем концерт кој ветува незаборавно музичко доживување.
Во еден од највпечатливите културно-историски локалитети во земјата, публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со безвременски македонски песни, силни емоции и внимателно осмислена музичка продукција што ќе ја спои традицијата со современиот сценски израз.
На сцената, Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 врвни музичари. За оваа пригода ќе бидат изведени авторски композиции, како и нови оркестарски аранжмани на едни од најубавите македонски песни, создавајќи единствен музички спектакл под отвореното небо.
Организаторите најавуваат и настап на специјални гости од македонската музичка сцена, чии имиња ќе бидат објавени во наредниот период, а кои дополнително ќе ја збогатат програмата на оваа единствена концертна вечер.
Концертот претставува повеќе од музички настан – тој е прослава на македонската традиција, култура и песна. Во амбиентот на Хераклеја, каде што историјата и уметноста се испреплетуваат, публиката ќе има можност да ги доживее најголемите хитови на Влатко Миладиноски во сосема ново, раскошно оркестарско издание.
Билетите се во продажба по цена од 700 денари преку mktickets.mk, како и во продажната мрежа низ државата. Во Битола, билетите се достапни во Tobacco Brothers на Широк Сокак, а во Прилеп во туристичката агенција Бран.
За повеќе информации и резервации, заинтересираните можат да се јават на 077 611 669.
На 29 јули, Античкиот театар Хераклеја ќе биде сцена на вечер што ќе ја обедини публиката околу она што најсилно ја поврзува – македонската песна. Со врвни музичари, моќни интерпретации и амбиент што остава без здив, концертот на Влатко Миладиноски најавува вистински празник за сите љубители на домашната музика.







