Популарната пејачка Индира Инди Арадиновиќ никого не остава рамнодушен со своите провокативни изданија.
Таа сега го покажа своето жешко тело во мини бикини во боја на кожа со блескави детали кои совршено ја истакнуваа нејзината сè потенка фигура, кревајќи ја температурата кај посилниот пол.

Пејачката со едната рака ја средуваше косата, а погледот го криеше зад очилата, додека во другата држеше луксузна сина чанта за плажа од „Кристијан Диор“.

Нејзините следбеници веднаш забележаа дека пејачката изгледа беспрекорно и дека по долга борба со тежината, ја довела својата фигура до апсолутна совршеност.

Да ве потсетиме дека Инди Арадиновиќ отворено зборуваше за својот бурен љубовен живот. Таа еднаш јавно призна дека е љубовница и дека си игра со животот, но и со мажите.

– Бев палава личност, си играв со луѓе и со животот, со мажи, ми беше навистина интересно и едноставно ако е глупав, што да му правам.
Ако е зафатен, и сака да биде одземен од мене, тогаш го одземам и го праќам таму каде што е зафатен и така го живеев мојот живот и не мислам дека има нешто лошо во тоа.
Беше врска, но не бев љубовница во смисла дека сега го прифаќам тоа, беше само љубов.
Многу е важно кога си љубовница, опасно е прашање ако си љубовница по 30-тата година, тогаш е сериозно прашање за жената какви се твоите избори и сè е во ред додека е младост и имаш опција да си заминеш, но никогаш не сум отишла толку далеку што би се развела од некого – заклучи Инди за домашните медиуми.
Foto: printscreen/instagram/indy_ara_indira




