Радио Милева повторно остави прашалници

Боки 13 ги запали 30 илјади евра без око да му трепне – гореа во пламен како да не вредат ништо

Боки 13 ги запали 30 илјади евра без око да му трепне – гореа во пламен како да не вредат ништо

Бојан Јовановски или за сите попознат како Боки 13 деновиве е во фокусот на јавноста и медиумското внимание во регионот.

Ако во Србија е актуелен најмногу поради жирирањето во „Хајп ѕвезди“ чие финале ќе се случи на 28.Јуни, во Македонија за неговото име повторно се крена прашина откако неодамна беше ограбен неговиот дом во скопско Бардовци.

Домот на Боки 13 во скопско Бардовци бил мета на крадци кои извршиле тежок грабеж: „Точно е, бев жртва!“

Иронија на нештата од тековните случувања, случајност или пак нешто кое ќе остане само со … е тоа што  вчера (25. Јуни) Боки ја промовираше својата нова песна во која се пее „да ми узму све“.

Е сега, дека успеале да му земат нешто за кое не откри детали, потврди и самиот, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Дека е вешт мајстор за привлекување внимание, покажа и со тоа што во спотот од песната, наедно режија на актерката Весна Петрушевска, „горат“ минимум, односно барем 30 илјади евра, вредност на чантата „Бикрин“ која за потребите на видеото е во пламен?!

Дали на Боки до толку му се може, па во пламен без око да му трепне ги запали илјадниците евра за „Ермес“, останува само да се гледа и да биде евидентно од приказната во спотот.

Инаку, чантите „Еермес Биркин“ се статусен симбол, а поради нивната ексклузивност и вртоглави цени, овој модел е резервиран за оние чиј животен стил и статус во општеството се многу далеку над просекот.

Оригиналните чинат од 10.000 до повеќе од половина милион долари, во зависност од моделот, материјалите и хардверот (катанци и копчиња).

А Боки како неприкосновен кога е модата во прашње, сигурно го има најдоброто.

фото:You tube printscreen/ Boki 13/Facebook/ Bojan Jovanovski

To top