Радио Милева на ремонт

Времето не и може ништо: Александра Накова го откри рецептот за нејзиниот изглед (фото) 

Времето не и може ништо: Александра Накова го откри рецептот за нејзиниот изглед (фото) 

Женската убавина многу често денес е надоградена со корекции и  разни третмани на лице па познатите освен што ги прават за себе тоа го споделуваат и со нивните следбеници преку социјалните мрежи со цел и тие да се инспирираат и да се одлучат на таков чекор.

Една од нив, која не може да му одолее на естетското време е и гевгеличанката, модел и сопственичка на бутик, Александра Накова. 

Таа и сега докажа дека ги почитува корекциите на лице, а за тоа сведочат и видеата кои ги споделува на кратките приказни на нејзиниот профил.

Накова не дозволува времето да замеша прсти во нејзиниот изглед па затоа тоа и го дозволува само на нејзината козметичарка која веќе за неа е докажана и безрезервно и верува.

Атрактивната убавица  и овој пат  ги контактираше следбениците преку Инстаграм директно од салонот и заедно со козметичарката објасни што точно направила со лицето.

 

Александра, овој пат избрала третман за затегнување на лицето и отстранување на масните наслаги кој најпрвин вклучува апликација на локална анестезија која треба да отстои најмалку 40 минути за да може да продолжат да работат.

На нејзиното лице се забележува црвенилото кое настанало  по третманот, но веројатно кожата брзо ќе се регенерира па атрактивнат убавица која направи  ремонт ќе биде задоволна од исходот.

фото:printskrin/instagram/naleksandraofficial

To top