Радио Милева мундијалско чудо

Новиот мундијалски херој е српски зет: Елој Рум – голманот на Курасао е женет е за познатата инфлуенсерка од Белград

Новиот мундијалски херој е српски зет: Елој Рум – голманот на Курасао е женет е за познатата инфлуенсерка од Белград

Голманот Елој Рум, кој со неверојатни 15 одбрани во ремито без голови против Еквадор практично сам му го донесе на Курасао првиот бод во историјата на мундијалите. Но, зад спектакуларниот настап се крие животна приказна исполнета со подеми и падови.

Рум има 37 години и е во брак со српската инфлуенсерка Зорана Јовановиќ – Зоранах, една од најпознатите инфлуенсерки на социјалните мрежи во регионот. Токму поради тоа веќе со години го следи прекарот „српски зет“, а неговите настапи редовно привлекуваат внимание и надвор од фудбалските кругови.

Сепак, неговиот пат до мундијалската слава не бил нималку лесен. Во текот на кариерата бранеше во Холандија и во американската МЛС-лига, но помина и низ тежок период кога остана без клуб и многумина сметаа дека неговата кариера полека се ближи кон крајот.

Наместо да се предаде, искусниот голман продолжи да работи и да верува во себе. Судбината му возврати на најдобар можен начин – со настап на првото Светско првенство во историјата на Курасао. По катастрофалниот пораз од Германија (1-7) на стартот на турнирот, ретко кој веруваше дека токму Рум ќе стане една од главните приказни на Мундијалот. Но против Еквадор го одигра мечот на животот и буквално сам ја зачува мрежата на својата репрезентација. Неговиот подвиг добива уште поголема тежина ако се знае дека натпреварот меѓу Еквадор и Курасао влезе во историјата како меч со најмногу удари во рамките на голот – дури 18 – кој завршил без ниту еден погодок.

Од човек кој во еден период немал клуб и се борел за продолжување на кариерата, до херој на нација од само 150.000 жители и една од најубавите мундијалски приказни – Елој Рум покажа дека во фудбалот никогаш не е доцна за големо враќање.

Извор: Спорт1

To top