ТВ водителката на „Нешто конкретно“, русокосата Снеже Велков во своите емисии има илјада прашања за илјада одговори, ама сега тргна со едно баш конкретно: Да дознае од што најмногу денес се плашат младите? Па направи анкета, која според неа јасно покажуваа од што најмногу се плашат младите и кога се вработуваат зошто прво прашуваат колку пари ќе земаат?!

Вака, навидум гледано од прва изгледа дека одговорите го даваат точниот резултат, кој го детерминира проблемот и вели дека истиот лежи во беспарицата што цвета, а всушност, ако добро проанализирате ќе констатирате дека водителката доби „каша-попара“ анкета!
Имено, стравот дека државата не е добра на младите им е најмал… Едвај 18%… А Стравот од беспарица најголем, што е во старт самото по себе контардикторно. Па, ако државата е навистина добра, тогаш логично е стравот од немање можност за заработка да биде најмал, а не најголем, зарем не? Силна и стабилна држава е еднакво на можност за добра и сигурна заработка.

Од друга страна, процентот на стравот од неуспех ( 21%) е речиси еднаков на процентот (20%) дека се бестрашни. Како по логиката Тошо Малерот кога заведува девојка, шансите му се „фифти-фифти“: Тој сака – таа нејќе! Па ако си бестрашен исто толку колку што ти е страв од неуспех, тука веќе не се работи за пари или беспарица, туку за немање сигурност и самодоверба во своите квалитети, вештини и знаења, односно проблемот лежи во самиот тебе!
Така што наместо прво да прашуваат колкава плата ќе земаат, прво треба да кажат што тоа знаат и умеат, што можат да понудат во работата што ја очекуваат!

Така што теоријата дека беспарицата е главниот страв на младите нема логика! Пари нема и никогаш ќе нема за оној што не знае да ги заработи! Чесно се разбира, а не преку мито, корупција, изнудена провизија или партиски наместени тендери. А во нив како што гледате, со децении се давиме. И после стравот дека државата била добра им бил најмал?!
Човек да се зачуди дали со ваква младина како на анкетава, навистина ни претстои блес(к)ава иднина?
Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze





