Радио Милева по кафето и базенот утрото се познава

Додека Ана Стојанова го пиеше кафето за малку ќе и се удавеше мачето: Што се глупираш кога не знаеш да пливаш? (ВИДЕО)

Додека Ана Стојанова го пиеше кафето за малку ќе и се удавеше мачето: Што се глупираш кога не знаеш да пливаш? (ВИДЕО)

Атрактивната фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова меѓу останатото е и љубител на домашни миленичиња, па така секогаш кога е во можност со себе ги носи и двете мачиња. Мазо и Џоџо се две тигрести братчиња, од кои првиот е повозрасен и поискусен, па го учи оној помалиот како да се снаоѓа во животот, тренирајќи му го инстинктот за ловење, иако газдарицата никогаш не ги остава гладни, без јадење.

Ана онака полурасонета, тукушто станата од постела, полуразголена се подготвувала да ја шмркне првата голтка од утринското кафе, но претходно решила со едно сабајлечко селфи да провери дали оваа секси убавина е вечна и никако не поминува, или сепак е само моментална?

И додека неа во камерата, а вам сигурно малку подолу погледот ви се кочи, помалото од мачињата на Ана, ќе и се удавеше пред очи! До душа сега и мачките да пливаат во базен е мода, ама не и сама да се фрли во вода!

Ама така ти е тоа коа сакаш да се ку*чиш и да бркаш муви од забава… ! Епа Џоџо, што се глупираш кога не знаеш да пливаш? Друг пат не прави глупости од кои на Ана и запира здивот, зашто можат да те чинат живот! Па не случајно оттаму доаѓа и англиската поговорка: „Љубопитноста ја уби мачката“ (Curiosity killed the cat)!

Џоџо го исушија за да не биде како „глушец покиснат“, ама потоа оди па натерај го да излезе надвор, онака исплашен, стуткан и скиснат. „Во стравот се мачји очите“ – вели една друга поговорка, овој пат, наша – Балканска.

Мазо дома не се прибира,  Џоџо дреме во фотелја, а Ана во бикини со тегчињата пред огледало. И така секој во својот свет… Кој скитник, кој уплашен спанко, кој до 100 од 365!

Фото и видео: Инстаграм/annstojanova

To top