Српската поп-ѕвезда Наташа Беквалац повторно е во центарот на вниманието на медиумите, овојпат поради гласините дека има нова љубовна врска со познат спортист.
Беквалац се појави на промоција на нова кампања за бренд за долна облека и пижами, каде што пред новинарите одговори и на прашањата поврзани со нејзиниот приватен живот.

Запрашана дали фотографирањето во секси изданија има цел да биде попривлечна за мажите, пејачката низ насмевка одговори дека воопшто не размислува на тој начин.
„Не размислувам за тоа. Размислувам да се чувствувам добро во својата кожа. Кога се чувствуваш добро во својата кожа, тогаш сè доаѓа природно“, изјави Беквалац.

Сепак, најголемо внимание привлече нејзиниот одговор на прашањето за наводната романса со фудбалер, за која изминативе денови пишуваа српските таблоиди.
Иако спортистот претходно ги демантираше шпекулациите, новинарите побараа став и од Наташа.
„На мажите генерално не им верувам“, кусо и директно порача пејачката.

Таа додаде дека низ годините научила како да се справува со разните приказни што се појавуваат во медиумите.
„Во вакви ситуации најважно е да останете мирни и со чисто срце. Кога сте мирни и со чисто срце, сите вибрации што не се на вашето ниво едноставно се одбиваат од вас“, изјави Беквалац.
Дали навистина постои нов маж во нејзиниот живот или станува збор само за уште една медиумска шпекулација, времето ќе покаже. Но едно е сигурно – Наташа и понатаму знае како да го привлече вниманието на јавноста.
Погледнете го целото видео од нејзината изјава во продолжение:
Бонус видео:
📷 Instagram @bekvalceva






