Бојан Трајковски и Марија Ивановска или попознати како музичкто дуо „Ај кју“, по вторпат ја слевеа љубовта и официјализирањето на долгогодишната врска во брак.
Естрадно – брачната двојка по три недели откако кон средината на месец мај склучија граѓански брак и се потпишаа во матично, а направија и интимна веселба во кругот на најблиските во еден скопски ресторан, сега се решија повторно да ја слават љубовта.
Младите сакаа да бидат автентични и нивната свадбена забава да се памети како посебна, па се одлучија истата да ја направат на плажа покрај море во Грција.

Ако за првата веселба носеше долга венчаница, сега бремената невеста се одлучила за куса, мини венчаница од тантела од која нагласено беше трудличкото стомаче, додека младоженецот пак беше во светол костум и поофицијален од претходно.

Првиот танц повторно беше нивната „Убава“, победничка песна од Скопскиот фестивал во 2015 година, на која овој пат танцуваа на отворено дополнително разубавена од звуците на морето.
А за се’ да биде слатко и убаво, симболично се сечеше и торта, алтернативна и необична украсена со жижици.
Се’ на се’, Марија и Бојан затворија едно животно поглавје и отворија ново, кое ќе биде уште побогато и повозбудливо, кога ќе пристигне приновата на овој свет.
Нека се среќни и вечни!
фото:instagram printscreen/mariaeyecue




