Радио Милева незадоволна од својот изглед 

„Градите ми исчезнаа целосно“ – Синди откри зошто ставила силикони

„Градите ми исчезнаа целосно“ – Синди откри зошто ставила силикони

Поранешната членка од групата „Моделс“, Ивана Стаменковиќ Синди (46) не настапувала со години, а често објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, а многумина коментираат дека времето застанало за неа.

Синди отворено зборуваше за силиконите и призна дека ставила импланти во градите бидејќи била незадоволна од својот изглед по породувањето.

– По бременоста, градите ми исчезнаа целосно, па морав да ги корегирам. Чекав цели седум години за да ми ги направат градите и да ги вратат во првобитната големина. Сега имам 400 кубни сантиметри. Ги наполнив усните со хијалурон. Верувам дека кога жената почнува да старее, треба да поправи сè што ја мачи – изјави Синди во една емисија.

Инаку таа откри и од што заработува:

– Правам разни видови реклами на Инстаграм, па тоа е она што го правам сега. Работам многу години од мои 14 години, па сега можам да се пензионирам, претпоставувам дека го заслужувам тоа – нагласи таа и откри дали може да се заработи добро од оваа работа:

– Да, ако го правите она што го правите добро и ја работите добро работата, тогаш ве вработуваат разни компании. Нема да зборуваме сега за бројките…

Foto: print screen/Instagram

To top